
Во првиот дел од средбата со државниот врв се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат. Сите лидери биле согласни тоа да се поддржи.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на Бугарската влада, која усогласи документ во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Во истата се наведува дека не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“. Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.
Во вториот дел ќе се договара датумот за избори, при што позициите на ВМРО се јасни , дека изборите се логичен след по поразите на оваа Влада, дека тие треба да бидат организирани согласно уставните и законските норми и дека нема време за губење, особено што следува период на реформи што мора да обезбедат напредок.