Заев од 3 јануари нема да биде премиер на Македонија, избори на 12 април

Македонија добива техничка влада веднаш по Нова година, поточно на 3 јануари, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април в година, било договорено вечерва на лидерската средба, дознава НетПрес.

Досегашните информации велат дека најверојатно на местото на Зоран Заев од трети јануари, ќе дојде Оливер Спасовски, и ќе ја извршува фунцијата технички премиер до 12 април, денот за кога се закажани парламентарните избори.