
Интерес на Германија и на ЕУ е што побрзо да почнат преговорите со Северна Македонија и со Албанија за нивна интеграција во Унијата, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер.
Алтмајер кој деновиве доаѓа во посета на Балканот, за германскиот весник „Билд“ вели дека е разочаран од исходот на Самитот на ЕУ во Брисел.
– Во наш интерес е да ги почнеме преговорите со Северна Македонија и Албанија, признавајќи ги нивните големи напори за демократија и стабилност. Пристапните преговори со двете земји треба да почнат што е можно побрзо, изјави германскиот министер за економија Петер Алмајер.