
Владата и Министерството за финансии до крајот на годината треба по основ на камати и главнини да врати долг од 8 милијарди и 860 милиони денари, односно нешто над 144 милиони евра. Од оваа сума 139 милиони евра се долгови и камати направени од оваа власт, додека од претходната владејачка гарнитура се останати за плаќање околу 5 милиони евра, што го покажува табелата објавена на сајтот на Министерството за финансии.
Владата и Министерството за финансии овие долгови ги сервисираат преку нови задолжувања.
Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни 28,16% заклучно со август, што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво. Ова според експертите исто така има негативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад, а кое е тесно поврзано со растот на БДП, бидејќи е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.