
Во мечот од осмото коло на италијанското фудбалско првенство Милан на својот „Сан Сиро“ под водство на новиот тренер Стефано Пиоли одигра само 2:2 против Лече, иако двапати поведуваше.
Головите за Милан ги постигнааа Хакан Чалханоглу во 20 и Кжиштоф Пјатек во 81 минута, а за гостите Кума Бабакар во 72 и Марко Калдерони во втората минута од судиското продолжение на натпреварот.
Милан одлично влезе во дуелот и во првите петанесетина минути имапе три прекрасни шански, но Рафаел Леао двапати и еднаш Хакан Чалханоглу беа непрецизни. Сепак, својата надмоќ „Росонерите“ ја крунисаа во 20 минута, а стрелец на убавиот гол беше Чалханоглу. До крајот на полувремето Милан имаш уште неколку излгедни ситуации за погодок, но не успеа можеби уште во првиот дел да го реши прашањето на победникот.
Непишаното фудбалско правило и казната за многуте промашувања го стаса Милан во 62 минута, кога Андреа Конти направи пенал играјќи во својот шеснаесетник со рака. Ударот од белата точка го изведен Кума Бубакар, Џанлуиџи Донарума одбрани но Бабакар ја исправи грешата по одбиената топка. Во 81 минута домашните стасаа до повторно водстов, а воторно најзаслужен беше Чалханоглу. Турскиот играч од средниот ред мина низ гостинската одбрана, а потоа упати повратна топка до Пјатек кој реализираше. Лече не се предаваше и во во продолжението Калдерони со одлучен удар од 20 метри го израмни резултатот.
За Милан ова беше првото реми сезонава, а со трите победи и четирите порази има 10 бодови и е на 12-то место на табелата. Лече, пак, освои драгоцен гостински бод во борбата за опстанок и сега има седум бодови, со кои е на 15-то место, три подалеку од опасната зона.
Џенова на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, кој одигра едно полувреме, беше торпедирана со 1:5 на гостувањето кај Парма, за којашто, пак, одлична претстава имаше македонскиот интернационалец со шведски пасош Дејан Кулушевски со два асистенци и погодок. Мечот го одбечежа хет-трикот на Андрас Корнелиус, кој беше прецизен во 43, 45 и 51 минута, а голеадата на домашните ја започна Јурај Куцка во 39 а ја заврши Кулушевски во 80 минута. Единствениот гол за гостете го постигна Андреа Пинамонти во 53 минута.
Парма сега е осма со 12 бодови, а Џенова е претпоследна 19-та со само пет бодови.
Во првиот меч од неделната програма Интере славеше кај Сасуоло со 4:3, прекунувајќи ја негативната низа резултати без победа кај овој противник. Водечкиот погодотк за „Нераѕурите“ го постигна Лаутаро Мартинез уште во 2 минута, потоа стрелец беше и во 71 минута од пенал. Два погодока постигна и Ромелу Лукаку, во 38 и во 45 минута од пенал. Саусуло успеа да израмни на 1:1 во 16 минута преку Доменико Берарди, а по водството на гостите од 1:4, со головите на Филип Ѓуричиќ во 74 и на Жереми Бога во 81 минута се понадева дека може да остане непоразен уште еднаш во дуел со славниот противник.
Интер е второпласиран со 21 бод, еден поУдинемалку од водечкиот Јувнетус, и четири повеќе од третата Аталанта, додека Сасуоло е 17-ти со шест бодови, но и меч помалку.
Удинезе со голот на Стефан Окака во 42 минута го победи Торино. Ова беше втора победа за екипата од Удине во последните три кола, а вкупно трета сезонава и сега е на 11-то место со 10 бодови, местп подолу на таблета од Торино кој има ист број бодови.
Сампдорија и Рома одиграа без голови и без ниедна вистинска шанса за погодок, а „Волчицата“ Со тоа Сампа остана на дното на табелата со четири бодови, а Рома ја пропушти приликата со победа кај фенерџијата да се проближи на бод заостанување од четвртата позиција, и сега е шеста со 13 бодови.
Калјари со 2:0 го совлада СПАЛ, а стрелци беа Раџа Наинголан во 10 и Паоло Фераго во 68 минута. Калјари има 14 бодови и е на 5-то место, два помалки од четвртиот Наполи, а СПАЛ е во зоната на испаѓања, 18-ти со шест бодови.