Облечете се во сино кога одите на интервју за работа

Што велат психолозите дека е битно кога ќе тргнете на важен состанок. Според нив, бојата на облеката што ја носите, кажува многу нешта за самата личност. Дневната комбинација остава впечаток кај соговорниците.

Сина

Сините нијанси, особено морнарско сината боја е, според психолозите, идеална за интервјуа за работа. Според анкетите, лицата кои ја носат оваа боја оставаат впечаток на тимски играчи, лојални и доверливи соработници.

Црвена

Како и што можело да се претпостави, црвените нијанси се идеални за љубовни средби. Оваа боја ги возбудува страстите, а според многу истражувањас, на мажите им се попривлечни дамите во црвени нијанси.

Сива

Сивите нијанси не се упадливи и му помогнуваат на поединец, без истакнување, да се приклучи на секоја група. Поради тоа оваа боја се препорачува за работа и состаноци, каде нема потреба да бидете во центарот на вниманието.

Виолетова

Низ историјата оваа боја најмногу ја носеле богатите семејства како и владетелите. Поради тоа, виолетовата одбегнувајте ја кога одите на разговор за работа или на љубовен состанок, бидејќи таа, според психолозите, остава впечаток на извештаченост и надменост.

Црна

Иако со години во светот на модата црната се смета за елегантна, психолозите велат дека оваа боја буди агресивност и советуваат по секоја цена да се одбегнува кога станува збор за одење на разговор за работа.

Зелена

За било која нијанса да станува збор зелената боја смирува и ја поттикнува креативноста. Поради тоа соговорникот може да помисли дека сте продуктивни, со фантазија и храбри.

Бела

На крајот, нежната бела, покрај тоа што е одраз на софистицираност, според психолозите, оваа боја остава впечаток дека сте организирани како личност која сака се да биде „како под конец“.