
„Пообразувани, но помалку платени и на пониски позиции се жените во Македонија. Само 2,6% водат сопствен бизнис, истакна Нина Ангеловска, министерката за финансии на средбите во Вашингтон. „За поголем економски раст и одржлив развој, неопходна ќе биде нивна поголема вклученост во деловниот сектор“, изјави таа.
Според истражувењето кое го направи невладината организација Реaктор, 59% од дипломираните студенти се жени, исто толкав процент се магистри на науки, 57 осто доктори на нуки, но 75 проценти од работодавците се мажи.
За поголема вклученост на жените, неопходно е да се тргнат системските бариери и да се напушти традиционалниот модел, каде од жената се очекува да биде само домаќинка. Стериеотипи постојат и за вклученост на жените во политиката. Освен во Собранието, каде законски е утврдено 30% од народните избраници да бидат жени, во другите позици, состојбата е поразителна
Власта се залага за поголема ввклученост на жените, но податоците покажуваат дека од 21 раководна позициja, на само 4 се жeни, додека пак во локалната самоуправа, 75 се градоначалници, а со 6 општини управуваат жени.