Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во седиштето на партијата одржува средба со коалициските партнери.

Состанокот следи по лидерската средба што синоќа се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски поради негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел. На состнокот беше постигната согласност дека нема друга алтернатива за земјата освен евроинтеграцијата и предвремени избори кои се закажаа за 12 април в година.

По средбата се очекува Мицкоски да даде изјава за медиумите.