Љупчо Николовски ќе биде новиот технички премиер?

Рамила Шекеринска и Оливер Спасовски во аут, Љупчо Николовски е новиот технички премиер, јавува ТВ21, од извори на СДСМ. По изјавата на премиерот Зоран Заев дека во согласност со Договорот од Пржино ќе се повлече на 3 јануари, во јавноста започнаа калкулациите дека на негово место во техничката влада ќе дојде актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сепак, партиски извори од СДСМ за ТВ21 велат дека многу е веројатно за технички премиер да биде назначен генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според изворите, Спасовски треба да остане во Министерството за внатрешни работи како заменик министер, а исто така и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Од владејачката партија, СДСМ, велат дека конечната одлука ќе биде донесена на седница на Централниот одбор на партијата.