
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечера вечер (20.10.2019) во 23 часот и 15 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 115 km југозападно од Скопје во соседна Албанија.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала.