Кисели пиперки полнети со грав

Потребни состојки :  6 кисели пиперки од туршија, 300 грама варен грав, 2 главици кромид, 1 чешне лук, 2 рендани моркова, 200 мл доматен сос, сушена мајчина душичка, ловоров лист, црн бибер, црвен бибер и сол

1. Кромидот, лукчето и морковите, исецкани ситно се пропржуваат на загреано масло, а на крај се додава сварениот грав.

2. Смесата се зачинува, а потоа се полнат пиперките и се редат во намрсена тава.

3. Остатокот од гравчето и доматниот сос се налеваат во тавата и сето се пече на 200 степени околу 30 минути.