Лимон, мед и ѓумбир за појак имунитет

Потребни се еден килограм мед, 3 големи лимони и 150 грама ѓумбир.

Измијте го лимонот од пестициди така што ќе го оставите еден час во раствор за чистење на јужно овошје или во сода бикарбона.

Потоа исецкајте го лимонот на тенки парчиња, од ѓумбирот излупете ја кората и пресечете го на тенки парчиња, па потоа редете, еден ред лимон, еден ред ѓумбир и на крајот мед, сѐ додека не се наполни теглата.

Добро затворете ја и ставете ја во фрижидер да стои од 5 до 7 дена.

Консумирајте по една лажица дневно.