Насилство во Боливија, судири меѓу приврзаниците и противниците на Моралес

Изборната комисија во Боливија објави нови податоци ноќта кон вторникот според кои актуелниот претседател Ево Моралес има доволно гласови за победа уште во првиот круг од претседателските избори, што предизвика судири на улиците и обвинувања од опозицијата за изборна измама.

Изборната комисија го запре прелиминарното пребројување на гласовите во неделата кога првичните резултати навестуваа дека ќе се одржи вториот круг од изборите. Паузата во пребројувањето на гласовите предизвика загриженост на набљудувачите и странските влади кои се противници на левичарот Ево Моралес поради можно местење на изборниот резултат.

Во моментот на престанување на обработка на изборниот материјал, Ево Моралес беше во водство со 45,3 отсто пред главниот противкандидат Карлос Меса со 38,2 отсто. Според законот во Боливија, за победа во првиот круг потребни се повеќе од 40 отсто од гласовите и 10 отсто повеќе од првиот следен кандидат. По 24-часовната пауа во објавувањето на резултатите, беа објавени најновите, според кои Моралес има 46,85 отсто од гласовите, а Меса 36,73 отсто. Ваквиот исход му осигурува победа на Моралес уште во првиот круг.

Дел од набљудувачите оваа промена ја оцени како „драстична и тешко објаснива“. „Се надеваме дека конечните резултати ќе ја одразуваат волјата на ибирачите изразена на изборите“, соопшти набљудувачката мисија на Организацијаа на американските дрќави (OAS).

Гневните поддржувачи на Маса се сидрјуа со полицијата на улиците на Ла Паз, а Маса изјави дека не ги признава овие резултати и ги нарече „срамни“. „Веруваме дека граѓаните нема да ги прифатат. Оваа влада создаде невозможна ситуација. Тоа е исмејување на изборите“, рече Маса за новинаите во Санта Круз.

Протестите се одржуваат од ноќта кон вторникот во повеќе боливиски градови. Како што пренесува весникот El Deber, протести и судири меѓу групите привзаници на двајцата кандидата, како и со полицијата, има во фактичката престолнина Ла Паз, и во офицајлниот главен град Сукре, како и во градовите Оруро, Санта Круз, Кочабамба и Потоси.

Во Сукре демонстритите подметнале пожар во близија на зградата на локалната изборна комисија. Во Потоси и Кочамамба пребројувањето на гласовите е прекинато поради протестиет пред зградата на изборната комисија.

Ден претходно Меса го славеше влегувањето во вториот круг од гласовите по обработката на речиси 84 отсто од изборниот материјал, кога Моралес немаше доволно гласови за победа во првиот круг. Моралес, кој ги освои сите три претходни мандата со убедливо мнозинство, во неделата вечерта тврдеше дека ќе добие доволно гласови во руралните подрачја каде што традиционално се гласа за него.

Неизвесноста која предизвика во Боливија, и предизвика загриженоста дека земјата може да ја зафати бран насилство како што во моментов се случуваат во Чиле и Еквадор.