
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе го повлече законот за Брегзит и ќе свика општи избори, доколку пратениците во парламентот се откажат од планираниот распоред за расправа, во рамки на која законот треба да биде изгласан.
Ова за Би-Би-Си го изјави извор од британската Влада, наведувајќи дека „владата не сака да губи време со овој парламент“.
Законот за Брегзит беше објавен вчеравечер и во британскиот Парламент во тек е расправа по него.
Би-Би-Си наведува дека гласањето за законот треба да почне околу 19 часот по локално време.