
Надлежното министерство на ОАЕ најави дека на претстојната изложба во Абу Даби ќе биде претставен бисер стар 8.000 години, за кого археолозите тврдат дека е најстариот на светот. Бисерот е пронајден во текот на археолошките истражувања на островот Маравах во престолнината.
„После анализата со радиоактивен јаглерод утврено е дека слоевите на бисерот настанале помеѓу 5.800 и 5.600 година п.н.е.“, рекол претседателот на Одделението за култура и туризам на Абу Даби, Мухамед ал-Муабарак.
„Бисерите првпат ќе бидат прикажани на изложбата 10.000 години луксуз“, која ќе биде отворена на 30 октомври во Лувр Абу Даби“.
Стручњаците од Емиратите веруваат дека со бисерите се тргувало со патниците од областа Месопотамија и древниот Ирак во замена за керамика и друга роба. Веројатно е дека и тогаш бисерите биле носени како накит.
„Венецијанскиот трговец со скапоцени камења, Гаспаро Балби, кој патувал низ овие краишта, ги спомнува островите покрај брегот на Абу Даби како извор на бисери во 16 век“, се наведува во одделението за култура.