
Бугарската амбасада во Велика Британија во соработка со локалните власти ги проверува информациите објавени во светските медиуми дека во Англија е откриен бугарски камион со 39 мртви тела, пренесуваат бугарските агенции.
Официјален став од бугарското министерство за надворешни работи сѐ уште нема, а се очекува првите информации да се споделат со јавноста откако ќе се добие повратна информација од бугарските дипломатски претставништва во Лондон.