
Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб ветер од источен правец.
Минималната температура ќе се движи од еден до осум, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со минимална температура од седум и максимална до 27 степени.
Во наредните денови не се очекува промена на временската состојба, ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.