Вооружени со лакови и стрели индијанци нападнале село во Перу

Владата на Перу ги евакуирала жителите на една општина во Амазонија, откако индијанци од изолирано племе неочекувано стапиле во контакт со нив и го нападнале локалното население, соопшти заменик-гувернерот на регионот Мадеи де Диос, Џеферсон Гонзалес Еноки.

Припадници на амазонскот племе Машко-Пиро, кои пред 2014 година последен пат биле забележани од туѓинци во 2011 година

Според претставниците на локалните власти, 23-годишен локален жител бил ранет со стрела во главата како резултат на „првичниот контакт“ со припадници на изолираното индијанско племе. Лекарите ја стабилизирале неговата состојба на самото место, по што бил пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

„Покрај ранетиот млад маж, евеакуирани се 22 деца и 12 жени, поради стравување од напад на изолирано индијанско племе чии припадници ја опколиле општината Монте Салвадо во четвртокот попладнето по локално време, кои очигледно се во потрага по храна и резерви“, рекол Гонзалес во видео-обраќањето објавено на сајтот на агенцијата Andina.

Според информациите на локалните медиуми, индијанците кои го извеле нападот се припадници на племето Машко Пиро, едно од 15-те изолирани племиња кое брои околу 750 припадници, кои од засега непознати причини ги напуштаат областите во кои вообичаено престојуваат и се движат.

Како што рекол за порталот 20 minutos социологот Хектор Суејо, кој бил вклучен во евакуацијата на локалното население, 150 припадници на племето Машко Пиро ја напуштиле прашумата, дошле кон локалните заедници и барале да им биде дадена храна.

„Нападот врз локалниот жител се случил во моментот кога локалното население им предавало кануа со банани на индијанците собрани на другиот брег од реката“, рекол Суејо.

Медиумите потсетуваат дека и во август 2014 година се случил ист инцидент, кога околу 200 припадници на племето Машко Пиро вооружени исто така со лакови и стрели дошле во Монте Салвадор во потрага по храна. И тогаш била спроведена евакуација на локалното население, а според медиумите тогаш индијанците убиле домашни животно, земајќи садови за готвење и други метални предмети пустопејќи ги напуштените домови.

Законите на Перу им забрануваат на граѓаните физички контакт со изолираните племиња во Амазонија, чие вкупно население се проценува меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Владата ова го објаснува со грижа за безбедноста на индијанците, чиј имунолошки систем е ранлив на вирусите кај „цивилизираниот човек“.

Локалната домородна организација (Fenаmed) со години од перуанските власти бара  да го заштити земјиштето на Машко-Пиро, од кое голем дел го заземаат компаниите кои имаат концесии, како и шверцерите на дрога.