
Според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, легендарниот Мајкл Џордан ја состави својата најдобра петорка на сите времиња. Џордан се одлучи да ги селектира кошаркарите со кој и против кој играл во својата ера.
На плеј-мејкер позицијата го стави Меџик Џонсон, на бек позицијата се стави себеси, а уште една легенда на Чикаго Булс, Скоти Пипен го стави на местото на ниското крило. Најдобрата четворка е и легендарниот кошаркар на Лејкерси Џејмс Ворти, а на центар позицијата го постави Хаким Олајџувон.
Џордан во својата кариера 6 пати го освојуваше шампионскиот прстен со Чикаго Булси и во сите финални серии беше избиран за МВП.