
Турскиот крилен напаѓач на Кливленд Кавалиерс, Џеди Осман, се согласи со Кавалиерс за нов договор. Тој е на 4 години и вреди вкупно 31 милиони долари.
Договорот на кошаркарот, кој е роден во Охрид, влегува во сила од сезоната 2020/2021 година, со тоа што Осман првата година ќе добие 8,6 милиони долари, а неговата плата се намалува со секоја измината година.
Дваесет и четири-годишниот Турчин беше избран за број 31 во 2015 година од Кливленд. Минатата сезона, Осман забележа 13 поени, 4,7 скока и 2,6 асистенции во просек по натпревар.