Приведени тројца дилери од Горна Бањица

Три лица од гостиварското село Горна Бањица се приведени откако при полициска контрола кај нив било пронајдена марихуана.

На 25.10.2019 околу 01.00 часот во тетовското село Синичане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ј.А.(24), Ј.А.(18) и Л.Е.(32) од гостиварска Горна Бањица. При нивен и преглед на возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.