
Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер во четврокот во НАТО го претстави својот предлог за воспостаување безбедна зона во северна Сирија, и ја доби поддршката од Турција и САД, но и предупредување од генералниот секретар Јенс Столтенбер дека можеби ќе мора да се вклучат и Обединетите нации.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер пред сојузниците во НАТО рекла дека ќе биде потребно да се вклучи и Русија при воспоставуање на безбедната зона, за да се заштитат раселените цивили и да се осигури продолжување на борбата против џихадистите на Исламката држава, рекле дипломати за Reuters.
Крамп-Каренбауер ја претстави во средата пред одбранбената комисија на Бундестагот својата идеја за формирање безбедна зона на северот на Сирија која би требала да биде под контрола на Обединетите нации. Смета дека безбедната зона може да биде поделена во сектори, од кои еден би преземала Германија. Министерката за одбрана не го соопштила обемот на единиците, но истакнала дека ќе биде потребно да учествуваат единици со „широко поле на дејствување, па и борбено“.
Крамп-Каренбауер на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, исто така, рекла дека задачата за патролирање на турско-сириската граница нема да го спроведуваат само Русија и Турција. „Статус-квото не е задоволувачко решение“, рекла за новинарите. Комесарот на Бундестагот за германската армија, Ханс-Петер Бартелс, во вторникот изјави дека се сомнева во капацитетите на Бундесверот за уште една меѓународна мисија. Портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт, пак, во средата рече дека во владата сѐ уште нема единствено мислење за предлогот на министерката за одбрана.
Ова е прв случај Германија да предлага воена мисија на Блискиот исток.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер рекол во Брисел во четвртокот дека е „неоправдана“ турската воена оперција на северот од Сирија против тамошните курдски сили.
Според договорот меѓу Русија и Сирија, склучен во вторникот во црноморското одморалиште Сочи, Анкара се согласила да ја ограничи воената опарација во североисточна Сирија, каде што надгледување на повлекувањето на Курдите на 30-ина кулметри од границата со Турција ќе вршат и патроли на руската воена полиција.
Меѓутоа, европските членки на НАТО изразуваат загриженост бидејќи Турција планира потполно да ја потисне курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) од сириско-турската граница. Анкара ги смета YPG за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), со која со децении војува во југоисточниот дел од Турција.
Крамп-Каренбауер рекла дека добила гаранции од Анкара дека нема да се случи масовно населување на освоените области или етничко чистење. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно кажа дека дел од речиси четирите милиони сириски бегалци на турска територија, ќе го насели во облстите кои сега ги контролира турската војска, и притоа изложи голем план вреден милијарди долари за подигнување населби и градови.
„Договорот од Сочи не донесе мир и не дава основа за долгорочно политичко решение. Бараме решение кое ја вклучува меѓународната заедница“, рекла Крамп-Каренбауер пред новинарите.
Турција, САД и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздравија планот на Крамп-Каренбауер.
„Потребни се уште разговори, но турскиот министер рече дека е отворен за предлого“, рекол неименуван дипломат во НАТО, зборувајќи за билатерланата средба на Крамп-Каренбауер со турскиот министер за одбрана Хулус Акар.
Столтенбер рекол дека мисли оти ќе бида потребно да се мине низ „процедура на ОН“ за да се започне ваква мисија. „Секако дека денес не е можно да се каже дали тоа ќе биде лесно или многу тепко, така што мислам дека ова е предлог за кој ќе биде потребно детално да се разговара“, рекол.
Еспер рекол дека го поддржува германскиот предлог, иако детално не го прочител, но САД нема да учествуваат со копнени сили. „Мислам дека е во ред. Мислам дека е во ред за оние земји кои сакаат поактивно да се вклучат и да ја подобрат сигурноста во овој дел од светот“, рекол американскиот министер за одбрана. „Веќе долго на тоа ги повикувам европските партнери“, додал Еспер.
Американскиот и турскиот министри за одбрана треабше да се сретна во четвртокот, но средбата беше откажана поради промена во дневниот ред на минситерскиот состанок и нивните обврски.