(ВИДЕО) Милошоски: Секој воспитан човек би се срамел од вулгарната гестикулација и некултура на Заев

„Многу е невкусно кога премиерот на една држава промовира вака ниска политичка (не)култура, употребувајќи говор и вулгарни гестикулации од кои секој воспитан човек, без разлика на статус или образование, би се срамел!“-напиша на својот ФБ профил пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски во прилог на видеото кое го објави од митингот на СДСМ во Прилеп.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/videos/2953944374634822/

Премиерот Заев на партиската трибина во Прилеп му порача на Христијан Мицкоски дека нема да дојде на власт, иако Македонија не доби датума за преговори.

„Еве ти го на“, порача Заев, гестикулирајќи со раката и рече дека Мицкоски „мало сутра“ ќе дојде на власт.