
Потпретседателот на владејаката Демократрска унија за интеграција (ДУИ) и поранешен градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, пријавил во гостиварската полиција дека добил закани по животот.
Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо ја потврдиле информацијата. „Пријавена е закана врз ексградоначалникот на Гостивар Невзат Бејта од друго лице од Гостивар. Се работи на случајот“, рекле од МВР.
Додадле дека „во интерес на истрагата“ не откриваат поединости за случајот и идентитетот на лицето кое му се заканувало на Бејта, како и за причините.
Бејта не сакал да зборува за настанот. Тој е потпретседател на ДУИ и во два мандата поранешен градоначалник на Гостивар.
ДУИ викендов избираше претседател на гостиварскиот огранок. По неколку мандати Бејта повеќе не е прв човек на гостиварскиот огранок, бидејќи за претседател е избран Башким Хасани. Медиуми на албански јазик, неофицијално заканите врз Бејта ги поврзуваат токму со изборот на новиот претседател на гостиварскиот огранок.