
Претставниците на власта и просветарите не успеаја да се договорат за висината на платите во образованието. По средбата со Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК, министерот за образование Арбер Адеми рече дека не е постигнат договор. Пред неколку денови СОНК го одби предлогот на Владата за покачување на платите од 10 проценти и најавија дека на 11 ноември ќе има генерален штрајк доколку платите не се зголемат за повеќе. Можно е до крајот на неделата да има уште една средба.
„Ќе преговараме до последна минута, нема зијан од дијалог, заслужуваат поголема плата, но треба да се направат анализи до каде можеме, а и СОНК треба да размисли“, рече министерот Адеми.
Тој смета дека нема потреба од штрајк.
Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека Советот не се согласил околу тоа од кога треба да биде зголемувањето наплатите. Владата предлага тоа да биде од април в година, а СОНК бара повисоки плати од 10 отсто, но од почетокот на идната година.