Уапсен дилер од Гостивар

Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, на 30.10.2019, околу 18 часот, на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од Гостивар, затоа што при преглед кај него пронајдени се хероин и кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.