За Задушница ќе сообраќаат дополнителни автобуси

Во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, петок (1.11.2019 година) и в сабота (2.11.2019 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Според ЈСП, од утре, 1 ноември, Жичницата ќе има зимско работно време, односно ќе работи од 10 до 17 часот. Последното возење од долу нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надолу ќе биде во 16.45 часот. Овој режим на работа ќе важи до 1 март.

Од ЈСП потсетуваат дека неработни денови на Жичницата се понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Во соопштението ЈСП уште информира дека од утре, петок (1 ноември 2019 година) изменет ќе биде и возниот ред на линијата 25 (Транспортен центар-Средно Водно), кој може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk. Оттаму уште потсетуваат дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.