
„Како претседател на владата на Македонија првата работа што ќе ја направам е да се откажам од многу привилегии што премиерот ги има, можам и таксативно да ви ги набројам, а во делот од економијата прво што ќе направиме, ќе го вратиме рамниот данок. Тоа е она што ќе го направиме првата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.
Во своето интервју Мицоски запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, тој одговори:
–Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики што немаат никаков резултат, а на сметка на тоа министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерства: министерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните суровини и енергетиката, а другото да биде министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции вицепремиер за економски прашања и министерството за економија“, рече Мицкоски.