
При контрола на грчката полиција на патниците на пристаништето на островот Хиос, пред тие да се качат на бродот за Атина, бил уапсен 25-годишен странски државјанин кој во куферот имал скриено 22-годишна девојка, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Намерата била девојката нелегално, од грчкиот остров да стигне на атинското пристаниште, а според грчките медиуми, станува збор за двајца сириски државјани.