
Јужнокорејски противпожарен хеликоптер со седум лица во него се урнал во морето кај островот Докдо, изјави претставник на противпожарната служба.
Британските медиуми пренесуваат дека јужнокорејската Крајбрежна стража и приватни бродови го пребаруваат брегот каде паднал хеликоптерот во потрага по евентуално преживеани, а Министерството за одбрана испратило бродови, авиони и нуркачи да помогнат во спасувањето.
Хеликоптерот превезувал еден пациент до болница на јужнокорејскиот брег. Се урнал набрзо по полетувањето од островот Докдо.
Островот е еден од малите острови врз кои претензии покажуваат и Јужна Кореја и Јапонија, но областа ја контролира Сеул со малубројна крајбрежна стража.