
Едно лице починало во тетовската болница каде било донесено со повреди здобиени во сообраќајна несреќа, информираат од СВР Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила утрово околу 9 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар во близина на месноста „манастирски ливади“.
Од сé уште непознати причини дошло до судар на возило „голф“ со скопски регистерски ознаки што го управувал 74-годишниот С.Р. и „мерцедес“ со тетовски ознаки што го управувал 72-годипшниот Л.Р. од Горно Палчиште.
Возачот на голфот со сериозни повреди бил пренесен, најнапред во гостиварската болница, а потоа во тетовската, каде околу 13 часот починал.
Извршен е увид на местото настанот и се работи на расветлување на поединостите кои довеле до несреќата.
Од СВР Тетово упатуваат апел до возачите да бидат повнимателни во утреинските часови заради појава на магла и одрони по клисурите.