
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по денешната посета на Куманово во рамките на средбите со граѓаните на овој град, но и посетата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, на својот фејсбук профил напиша:
-Општинскиот Комитет Куманово е спремен за победа.
Граѓаните се обединуваат околу идејата за обнова на Македонија,сакаат повторно да ја застанат на нозе, да се гради, да се развива, повторно тема да станат мерките и проектите, подобрувањето на економијата и стандардот, функционирањето на правниот систем.
Победуваме во гордото Куманово !, стои во неговиот пост на Фејсбук.