
Најмалку петнаесет луѓе, повеќето деца, загинале а уште 30 се повредеи во екслозија на автомобил-бомба на пазар во саботата во сирискиот град Тел Абиад на гранциата со Турција, пренесуваа турските медиуми и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
Сириските државни медиуми се повикуваат на локални известувачи, но не го прециираат бројот на жртвите.
Турската влада ги обвини милицијата на сириските Курди – Единици за заштите на народот (YPG) и забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК) за „нехуманиот“ напад.
„Го осудуваме нехуманиот напад на терористите од YPG и PKK на невините цивили во Тел Абиед кои се вратија во своите домовии како резултат на Операцијата мирна пролет“, соопшти турското министерство за одбрана.
Сириската опсерваторија за човекови права, повикувајќи се на свои активисти на теренот, наведува дека борци од сириската вооружена опозиција која ја поддржува Анкара и сивили се меѓу загинатите. Турската агенција Anadolu, пак, наведува дека екслозијата се случила на пазар во центарот на градот.
Во Тел Абаид се водеа најжестоките борби откако турската војска ја започна оперцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија против YPG, кои беа сојузници на САД во борбата против Исламската држава.