Почувстуван земјотрес со епицентар во Полог

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во саботата во 12 часот и 16 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 45 километри зпадно од Скопје, во подрачјето меѓу Тетово и Гостивар.

Според Медитеранскиот сеизмолошки центар, моќноста на потресот бил 3,2 според Рихтер, со епицентар седум километри од Тетово, а на длабочина од два километра.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.0. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Куманово и Дебар со околината земјотресот беше почувствуван со интензитет од III степени според истата скала.