Трамп порача дека „гневното мнозинство“ ќе го поддржи и ќе гласа против отповикувањето

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во петокот дека верува оти „гневното мнозинство“ од американските избирачи ќе го поддржи и ќе биде против истрагата за неговото отповикување во кампањата за придобивање на приврзаници кои ќе изразат спротиставување на истрагата на демократите кои сакаат да го сменат една година пред регуларните претседателски избори.

Трамп настапи во преполната арена во градот Тупело во сојузната држава Мисисипи, ден откако Претставничкиот дом на Конгресот, во кој демократите имаат мнозинство, ги усови правилата за истрагата поради наводното влијание врз Украина да го истражи влијанието на поранешниот потпретседатл Џон Бајден, веројатен негов противкандидат од демократите, врз Киев за стопирање на истрага за корупција против неговиот син.

„Американскиот народ е сит од лагите на демократите, нивните измами и есктремизмот. (Демократите) Создадоа гневно мнозинство коешто ќе гласа многу неработници од редовите на демократите да останат без работа во 2002-та“, рече претседателот Трамп.

Телевизијата ABC News и весникиот The Washington Post oбјавија во петокот истражување од кое произлегува дека Американците се остро поделени во поглед на отповикувањето на Трамп, 49 отсто од испитаницвите сметаат дека претседателот мора да биде отпповикан и остранет од должноста, а 47 отсто сметаат дека не треба.

Трамп, исто така, изрази уверување дека ќе може да го победи секој деморкатски кандидат кој би ја добил номинацијата за претседателските избори во ноември 2020 година. „Ќе ги исплескаме по гаот“, рече Трамп.

Повторно го отфрли Џо Бајден како ментално поткапацитиран и рече дека тој многу брзо ќе испадне од трката кај демократит. „Ќе отпадне како камен“, опиша Трамп.

Повторно се наврати на ткн „украински скандал“. Појаснуваше за телефонскиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски од 25-ти јули, кој е во основата на обвинувањата против него. „Во секој случај јас сум искрена личност, но, што мислите, дека би му се јавил на новоизбран претседател и би му рекол нешто непримерно знаејќи дека разговорот го слушаат многумина?“, рече Трамп.

Исто така, Трамп ги повика републиканците да се обединат околу него. „Не грешете, стојте крај Републиканската партија и мене, бидејќи јас се борам за вас“, порача.

Трамп во Тупело престојуваше во рамките на кампањата на републиканскиот кандидат за гувернер Тејт Ривс, кој се соочува со демократот Џим Худ.

„Сѐ што знам е дека (Худ) силно се бореше за да биде избрана нечесната Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама.. Не е тоа момче какво што ни е потребно, не тука во Мисисипи“, рече Трамп.

Изборите во вторник се сметаат за индикатор на расположението во САД една година пред изборите на кои Трамп ќе се обиде да го освои вториот мандат.