
Турските власти во саботата ги критикуваа европските земји коишто одлучија да ги укинат државјанставата за заробените припадници на џихадистичката организација Исламска држава (ИД) и се заканија дека ќе ги вратат во Европа.
„Ние не сме хотел за припадниците на Исламската држава“, рече во сабнотата во Анкара турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Додаде дека државите како Велика Британија и Холандија „го најдоа полесниот пат“ со укинувањето на државјанствата на припадниците на џихадистичката организација.
Не го откри брокот на осомничените припадници на Исламската држава и нивните семејства кои Турција ги држи заробени од почнувањето на турската операција во североисточната сириска покраина Идлиб, на 9-ти октомври.
„Да кажеме да го задржиме извесно време во затвор. И потоа ќе биде ослободен. Дали треба да му дадеме терористичко државјанство?“, рече Сојлу и додаде дека Турција „ќе ги врати во нивните земји“.
Сојлу рече дека е „неприфатливо и неодговорно“ тоа што некои европски земји ги укинаа државјанствата за осомничените за припадност на Исламската држава и ѝ го препуштија на Турција решавањето на нивниот статус. Турција притворила осомничени од Холандија и Велика Британија, но и од други земји, додаде министерот.
Неколку европски земји одбија да ги репатриираат борците на Исламската држава и нивните сопруги или вдовоци, кои ги држеше во затворите Сириските демократски сили (SDF), предводени од Курдите, поради што беа критикувани и од американскиот претседател Доналд Трамп. Според процените, SDF во заробеништво држи околу 10.000 милитанти, но е под притисок откако започна турската офанзива која ја принудува да ги напушти териториите кои досега ги контролираше. Се стравува дека поради тоа ќе дојде до ослободување и регрупирање на Исламската држава.