
Благодарејќи на „тројката“ на турскиот кошаркар Фуркан Коркмаз на 0,4 секунди пред крајот на мечот, Филаделфија 76ерс славеа со 129:128 на гостувањето кај Портланд Трејлбелјзерс, иако играа без својот најдобар играч Џоелн Ембид кој е суспендиран на два натпревара.
Победничкиот кош на Коркмаз, кој дуелот го заврши со 11 поени, ѝ го донесе само второто водство на мечот во кој домашните испуштија предност од дури 21 кош, која ја имаа кон средината на третата четвртина. Портланд ја имаше победат во раце и на само 2,6 секунди пред крајот, кога Енферни Сајмонс со „тројка“ ја поништи предноста на гостите. Сепак, тоа на крајот не беше доволно да се скрши единствениот преостана тим без пораз, со сооднос 5-0, во новата сезона од НБА лигата.
Стрелците кај Сиксерс ги предводеше Ал Харфорд со 25 поени а го следеше Тобиас Харис со 23, додека Бен Сајмонс беше близу „трипл-дабл“ со 18 поени, 11 скоковои и 8 асистенции. Кај Портланд се истакна Демиен Лилард со 33 коша со шут 8 од 11 за „тројка“, и 9 асистенции. Родни Худ додаде 25 поени.
Солиден сооднос од 4-2 по шест натпревари имаат Феникс Санс кој ноќта кон неделата со 114:105 славеа на гостувањето кај Мемфис Гризлис. Девин Букер постигна 21 кош за Санса, а Арон Бејнс додаде 20 поени, а кај домашните прво име беше рукито Џа Морант со 24 коша и 7 асистенции.
Минесота Тимберволфс има уште подобар влез во сезоната со сооднос од 4-1, а минатата ноќ славеше со 131:109 на гости кај Вашингтон Визардс, иако гостите настапија без суспендираниот Карл-Ентон Таунс, кој беше најзаслужен за првите три победи. За четвртата, пак, зслугите одат кај Ендрју Вигинс кој постигна 21 кош со 6 асистенции, и Роберт Ковињтон кој постигна 20 поени и Џефри Теагу кој покрај 15 коша имаше и дури 13 асистенции. Бредли Бил со 30 коша беше најдобар кај Визардс кои имаат сооднос 1-4.
Милвоки Бакс, екипата која минатата сезона регуларниот дел од натпреварувањето го заврши со најдобриот сооднос меѓу победите и поразите, полека зема залет. Бакс на домашен терен, во репризата од ланското финале во Источната конференција, ги совладаат актуелните шампиони Торонто Рапторс со 115:105, но домашните мораа повторни да се борат за победатата откако на половина од втората четвртина имаа 26 коша предност.
Јанис Антетокунмпо постигна 36 коша со 15 скокови и 8 асистенции. Ериг Бредши за победниците постигна 14, а Крис Мидлтон и Брук Лопез по 11 поени. Калји Лоури ги предводепе прваците со 36 копша и 6 асистенции.
Голден Стејт Воиорс, кои се десеткувани од повредите и имаат соодос 1-5, сѐ уште не забележаа победа на домашен паркет. За нивниот четврти пораз во новниот „Чес Сентр“ во Сан Франциско се погрижија Шарлот Хорнетс кои славеа со 93:87. Вориорс водеа во поголемиот дел од дуелот, а повеќепати имаа и по 10 поени предност, но во неизвесната завршница уште еднаш потклекнаа дозволувајќи им на гостите завршна серија од 7:0 за победа.
Стив Кер на овој меч на располагање го немаше ниту Дрејмонд Грин, ни Д’Анџело Расел па најдобар стрелец беше новјалијата Ери Паскал со 25 коша, додека по 16 додадо Глен Робинсон и Ки Боумен. Хорнетс, кои имаат сооднос 3-3, до победата ги предводеше Двејн Бејкон со 25 поени, и Тери Розиер со 20 коша и 7 асистенции.
Но на Детроит Пинстонс, со сооднос од 3-4, не им пречеше намалената ротација во домашниот дуел со Бруклин Нетс, со сооднос 2-4, бидејќи го имаа расположениот центар Адре Драмонт кој во победата од 113:109 постигна 25 коша со 20 скоковои, 6 асистенции, 5 блокади и 3 украдени топки. Го следеа Лук Кенард со 24 и Брус Браун со рекордот на кариерата со 22 поени. Пистонс настапија без крилниот центар Блејк Грифин и првите тројца играчи од надворешната линија, Реџи Џексон, Дерик Роуз и Тим Фрајзер. На Нетс не им помогна ниту првиот „трипл-дабл“ на Кајри Ирвин во нивниот дрес, со 20 коша, 11 скокови и 10 асистенции. Таурин Принс додаде 20 поени, Џо Харис 18, а Спенсер Динвиди 16 поени за гостите.
Денвер Нагетс ја прекинаа низата од два пораза со тешко изборената победа од 91:87 на гостувањето кај Орландо Меџикс. Одбраната беше клучна за Нагетс кои имаа само 37 отсто во шутот од игра, но во финишот ги оставија Меџикс 2,5 минути без кош кога ја направија предноста. Џамал Мареј постигна 22 коша, а Никола Јокиќ 20 коша за победниците. Кај Орландо најдобар беше Никола Вучевиќ со 24 поени, а Арон Гордон додад 21 кош.
Њу Ореланс Пеликанс го доживеаја петтиот пораз во првите шест натпревари, на гостувањето кај Оклахома Сити Тандерс со 104:115. Шеј Гилџес-Александер постигна 23 коша, а Крис Пол имаше 15 поени и 9 асистенции. Сепак, клучни за победата на Тандерс беа играчите од клупата. Дариус Бејзли даде 17 поени, колку и Денис Шреде кој имаше и 9 скоковои, а Џеј Џеј Редик ги водеше стрелците кај Пеликанс со 17 коша, Џру Холидеј постигна 16, а Џалил Окафор заврши со 15 коша и 12 скокови.