Најмалку 15 жртви во превртување на автобус во река во Непал

Најмалку 15 лица загинале, 50 се повредени а три се водат како исчезнаи откако автобус паднал во река во центаралниот регион на Непал, пренесува во неделата Himalayan Times повикувајќи се на полицијата.

Автобусот се движел кон непалската престолнина Катманду, излетал од коловозот и паднал од височина од околу 500 метри во реката Сункоши во округот Синдупалчок.

Полициските службеници успеала да спасат 50 од патници и да ги транспорираат до најблиските болници. Меѓу повредените, шестмина се во критична состојба.

Телевизијата DD News, исто така повикувајчи се на полицијата, јавува дека меѓу загинатите осум се жени и две деца.