
Скопјанката со иницијали Ф.В., на 68-годишна возраст, е жената чие мртво тело беше пронајдено вчера во водите на реката Вардар во населбата Аеродром, информираше МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. Како што претходно беше јавено, телото на жената го забележал минувач на кејот и повикал полиција.