
Соединетите држави ја известија Русија за гранатирање од страна на протурските бунтовнции врз американски војцни во Сирија, изјавил во неделата на брифинг за новинарите шефот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, генерал-мајорот Јуриј Боренков.
Конвојот на американските војски кој се движел по автопатот М4 во насока кон границата со Ирак, се нашол под оган на шест километри западно од местото Тел Тамер. Во инцидентот немало настрадани, пренесува агенцијата РИА.
Боренков истакнал дека руската воена полицијата продолжува со патролирањата по должина на сириско-турската граница по линијата Камишли – Дејруна Ага во покранита Хасака и на насоката Кобани – Шиуг Фаукани во покраината Алепо.
Во изминатото деноноќие, руските војски во Сирија регистрирале 31 сличај на нарушувањето на прекинот на огнот договорен меѓу Турција и САД, односно милицијата на сириските Курди. Се наведува дека разни бунтовнички групи гранатирале населби во покраините Алепо, Латакија, Идлиб и Хама.