СДСМ во офанзива со лажни вести

Иако дното со премиерот Зоран Заев и оваа власт во заминување е оддамна пробиено, сепак, вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од престојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена, истакнува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагирајќи на низата наводини информации кои деновиве се појавуваат на интернет.

Мицкоски забележува дека власта наместо да го решава наталожените проблеми на граѓањани, се посветува на криминал и ширење лажни вести за политичките противници

„И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока“, вели во својата објава на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски притоа ѝ порачува на оние на власта дека додека го трошат она што го рекетирале од стопанствениците и лажно се храбрат дека му набеле штета, тој поинтензивно ќе продолжи да работи и да ги порази.

„Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот“, порача Мицкоски

На крајот, додава дека „Молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!“.