
Сопатничка во возило го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути во близина на новоселскоот мост и во неа учествувале возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки со кое управувал А.Б. (20), како и „фиат типо“ со прилепски ознаки што го управувал 47-годишниот М.Д. од Прилеп.
Во сударот со тешки повреди се задобиле Т.Н. (76) од Скопје, сопатничка во „астрата“ која починала на самото место и совозачот во „фиатот“ Д.С. (52). Возачите поминале со полесни повреди.
Извршен е увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.