
Во дербито од 11-ти коло на италијанското фудбалско првентво Лацио по речиси три децении на „Сан Сиро“ го победи Милан, ио тоа со 2:1.
Милан одигра уште еден слаб меч впишувајќи го веќе шестиот пораз сезонава, од кои три на домашенм терен. Лацио поведе во 25 минута преку Чиро Имобиле, а израмни три минути подоцна Бастос погодувајќи ја сопствената мрежа, додека победата на гостите им ја донесе Жоакин Кореа со голот во 83 минута.
Лацио бодовно се израмни со четвртотата Аталанта и шестиот Калјари со по 21 бод, а поради гол-разликата е меѓу нив. Милан сѐ уште се одржува на 11-то место со 13 бодови.
Парма во Фиренца поведе во 40 минута преку Жервињо, а израмни Гаетано Кастровили во 67 минута. Фиорентина е осма со 16 бодови, а Парма е 10-та со два бода помалку.
Верона ја совлада Бреша со 2:1, а до четвртата победа сезонава дојде со коловите на Антонио Салседо во 50 и Матео Песина во 81 минута, додека голот за гостите го постигна Марио Балотели пет минути пред крајот на мечот. Верона сега има 15 бодови и е деветта, додека Бреша со седум бодови е на 18-то место кое води во разигрување за опстанок во лигата.
Во дуелот на екипите за кои настапуваат македонските репрезентативци Џенова на Горан Пандев доживеа уште еден неприајтен пораз на домашен терен со 1:3 од Удиензе на Илија Несторовски кој беше на теренот 72 минути. Пандев кој како ретко кога сезонава го одигра целиот меч го отвори резултатот во 23 и минута по акцијата со Кауме, но потоа за тимот од Удине погодија Родриго Де Паило во 32, Кен Сема во 88 и Кевин Ласања во првата минута од судиското продолжение. Џенова е 17-та со осум бодови, само бод над опасната зона, додека Удинезе продред до 12-та позиција со 13 бодови.
Во првиот меч од неделната програма Аталанта пропушти можност да им се одлепи на Лацио и Калјари во борбата за четвртото место кое води директно во Лигата на шампионите, па и да ја мине третата Рома. Токму од Калјари беше дома поразена со 0:2. Првиот погодок падна во 33 минута, по несреќните интервенции на повеќе одбранбени играчи на домашната екипа. Седум минути подоцна Аталанта остана со играч помалку, откако беше исклучен Јосип Иличич поради намерно удирање противнички играч, Калјари ја искористи предноста и во 59 минута ја обезбеди победата преку Илива.
Колото во понеделник ќе го затворат СПАЛ и Сампдорија, двете последнопласирани екипи.
На табелата во водство е Јувентус со 29 бодови, пред Интер кој има бод помалку и Рома со 22 бодови.