
Вработен во Министесрството за внатрешни работи си присвоил рачна шок-бомба и повеќе од 60 куршуми и ги чувал во викендичка, соопшти во понеделникот министерството.
При извршен претрес во викенд куќа во сопственост на второпријавениот, полициските службеници пронашле рачна „шок“ бомба и 62 маневарски куршуми, калибар 7,62×39мм, за кои истиот изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот.
По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.
Во воој случај против двете лица од Скопје и Неготино, од кои едниот вработен во МВР, поднесена е кривична пријава.