Власта силно потфрли во делот на инфраструктурата

Во вечерашната емисија на Телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше претседателот на Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ Синиша Ивановски. Тој кажа дека потфрлањето на СДСМ во делот во инфраструктурата е на доста високо ниво и дека тоа може реално да се види по резултатите од овие две ипол години откога СДСМ се на власт.

Имено тој напомена дека власта не може да кажува дека некои инфраструктури проекти кои ветиле дека ќе ги исполнат и дале одредена временска рамка за тоа се исполнети и реализирани кога е видливо дека тие не се направени.

Во инфраструктурата е многу полесно некои работи се видливи или е црно или е бело , автопатот или е почнат или не е почнат , или е завршен или не е завршен, проектирано е или не е проектирано . Така да овдека може да имаме полесна дебата и затоа полесно можам да образложам зошто потфрлањето на СДСМ во овие 2 ипол – три години мандат е на доста високо ниво потенцираше Ивановски