
„Насилниците од Бутел за кои пишувавме пред некој ден, потврдија дека станува збор за сериозна група поддржана од градоначалникот Велимир Смилевски која во Бутел прави што сака, а за тоа има поддршка од првиот човек на општината“, пишува Инфомакс.мк.
-Вчера при завршување на работното време насилничка група предводена од Мони Вуќељ, кој е личен бодигард на градоначаникот Велимир Смилевски, неговиот татко Агим и уште едно непознато лице извршиле насилство и го нападнале лицето А.Т вработено во Општина Бутел повеќе од 20 години. Насилството било извршено веднаш пред главниот излез на Општина Бутел, А.Т бил физички нападнат и претепан до бесознание, при што веднаш Мони и групата насилници бегајки го напуштила местото“, информира Инфомакс.мк.
Случајот е пријавен веднаш во Полиција, лицето А.Т е задржано во Скопска Болница и се жали на тешки телесни повреди по телото и главата.
Постојат индиции дека градоначалникот Смилевски, итно реагирал кај командирот на ПС Бутел Сашо Комненовиќ со цел случајот да не добие разрешница, коментираат од овој портал.