
Холандската полиција објави во средата вечерта дека изведува интервенција во текот на „сомнителна ситуација“ во еден авион на амстердамскиот аеродром „Схипхол“, како и дека патниците и екипажот се безбедно се евакуирани, но набрзо беше објавено дека пилотот случајно го притиснал копчето за тревога.
„Патниците и екипажот безбедно излегоа од авионот. Истрагата продолжува“, наведе военат полиција која е задолжена за безбедноста на пристаништите и аеродромите во Холандија.
„Ја истражуваме сомнителната состојбна во еден од авионите на аеродромот Схипхол“, напиша полицијата на Twitter.
Аеродромот, пак, објави дека станува збор за „тешка ситуација која може да има сериозни последици за населението“, пренесе новинската агенција ANP.
Меѓутоа, многу набрзо воздухопловната компанија „Air Europa“, објави дека системот за тревога бил активиран сосема случајно.
„Лажна тревога. На летото Амстердам – Мадрид денеска попладнето, по грешка било издадено предупредување кое го активира протоколот кога станува збор за киднапирање. Ништо не се случи, сите патници се безбедни и го очекуваат телтот. Длаботко жалиме“, објави компанијата на Twitter.
Како резултат на овој инцидент, терминалот D на амстердамскиот аеродром извесно време беше затворен. На местото беа распоредени единици на специјалните сили, полицијата, противпожарната служба и брзата помош.