
СДСМ вештачки и само на хартија ја зголемува минималната плата, а од тоа граѓаните немаат никаков бенефит. Работниците кои треба да земаат минимална плата, враќаат дел од парите на газдите на рака, а власта за тоа не интервенира. Дека власта е лицемерна кога зборува за повисока плата е примерот со платите кои ги давала Нина Ангеловска во својата фирма „Групер“.
Ако Заев и Анѓушев беа за повисоки плати со сопствен пример во нивните фирми ќе исплаќаа високи плати. Најголем мотив за фирмите да даваат поголеми плати ќе биде доколку премиерот и вицепремиерот ги објават јавно платите кои ги исплаќаат нивните и фирмите на нивните семејства.
Економијата треба вистински да тргне напред. Со СДСМ тоа не е можно, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.