Седум лица се повредени во автобус на ЈСП

Седум лица се повредени во автобус на ЈСП откако возачот нагло запрел.

Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера во 14.55 часот на улица Втора македонска бригада во Скопје кога возачот Ш.К.(45) нагло го запрел автобусот, марка „даф“, со скопски регистарски ознаки.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.