Туристка изгубена во Егејот преживеала два дена благодарејќи на бонбони

Новозеландската туристка, 45-годишната Кушила Стејн, успеала да преживее два дена плутајќи во гумен чамец во грчките води, благодарејќи на тоа што јадеча бомбони.

Стејн била спасен во неделата во акваториумот на Егејското Море, недалеку од Крит, откако на отворено море струите ја носеле 37 часа. Преживеала благодарејќи на „грст бонбони“ и на тоа што се замотала во пластични вреќи за да ја одржи телесната температура, пишува британски BBC.

Бидејќи била искусна морепловка, Стејн на главата ставила црвена вреќичка и користела огледало за да го привлече вниманието на спасувачите. По интензивната потрага, грчката крајбрежна стража ја пронашла на 101 километар северно од Крит.

Нејзината мајка Венди Стејн за порталот Stuff.co.nz. рекла дека нејзината ќерка е обучена за преживување на море, што „веројатно и ја зачувало жива“.

Стејн се загубила додека му помагала на пријател да ја превезе јахтата од водите крај јужна Турција кон Атина. Според нејзината мајка, во текот на тоа патување решила „да ги протегне нозете“ и во петокот запловила кон островот Фолегандрос. На враќање едното весло ѝ паднало во морето, а силниот ветер ја однел на отворено море.

Бидејќи на одреденото место не стасала во договореното време, сопственикот на јахтата на грчките власти во утрото саботата им го пријавил незјиното исчезнување. Во операцијата на потрага и спасување ангажирани биле шест бротчиња, хеликоптер и подводен дрон на крајбрежната стража.

Додека плутала на морската површина на чамецот го испишала името на мајка ѝ и податоците за контакт, стравувајќи дека можеби нема да преживее. Но, за среќа, крајбрежната стража ја спасила во неделата утрото „на половина пат меѓе Крит и Фолегандрос“, вели Венди Стејн додавајќи дека Кушила била превезена во болница каде ѝ е укажана помош поради дехидрација.

Според пишувањето на The New Zeland Herald, Стејн веднаш откако била спасена ѝ се јавила на мајката и рекла „Мамо, ми остана уште една бонбона“.